Не ми го чепкајте Интернетот! Турците со протести против цензура

Од 22 август корисниците ќе имаат избор на четири филтри – фамилијарен, за деца, домашен и стандарден – секој ќе лимитира пристап до одредени сајтови. Критериумот за филтрите ќе бидат одредени од BTK.

Според BTK, со филтрирање на содржината ќе може да се забранат вулгаризмите и насилството, додавајќи дека филтрирањето е поради големиот број поплаки од корисниците.

Но, пред некое време во Турција дури и YouTube беше блокиран скоро две години поради видео во кое се навредува Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција. Токму поради тоа што блокирањето на сајтови не е нешто ново, турските интернет корисници кои излегоа на протестите велат дека интернет пристапот треба да биде сфатенот како основно човечко право и дека поставување филтри ќе значи и цензура и контролирање на содржината.

(сликaтa e од Haberturk)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии