„Не ме следи“ ќе биде почетна опција на Internet Explorer 10

Опцијата „не ме следи“ за новиот Internet Explorer 10 ќе  биде вклучена од самиот почеток на користењето, вели Microsoft. Ова треба да ја зголеми безбедноста на прелистувачот, поточно да го спречи прибирањето на податоци базирани на одлуките на корисниците.

Но, тоа што е проблем со приватноста е имплементирањето на DNT (DoNotTrack),  со оглед на тоа дека веб сајтовите треба да реагираат кога некој корисник ќе пристапи на страната со вклучен DNT. За жал одлуката за следење е оставена на честа на компаниите кои рекламираат, а следењето на корисниците е во нивен интерес, бидејќи така ќе можат да испраќаат реклами за кои е поверојатно дека ќе бидат разгледани од корисникот.

Првично рекламните агенции и W3C ја подdржаа идејата, но под услов стандардното нагодување на „не ме следи“-опцијата да биде исклучено, најверојатно надевајќи се на инертноста на најголем дел на корисниците да ги менуваат подесувањата. По одлуката на MIcrosoft почетната опција да биде вклучена, FTC (Federal Trade Commission) испрати писмо до W3C во које се вели „ова значи дека Microsoft, а не корисниците ќе решава за за сигналот кој ќе го испраќа прелистувачот“.

Одлуката за следење на корисниците сè уште е во раце на W3C, и доколку под притисок на рекламните агенции ја сменат својата одлука, може да се случи DNT да биде бескорисна опција на прелистувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии