Не Facebook, туку Google ги купи беспилотните летала на Titan Aerospace

во Свет

На својоат веќе прилично бројна колекција на стартапи кои работат на автоматизирани уреди Google го додаде и производителот на беспилотни летала Titan Aerospace. Станува збор за летала кои можат континуирано да летаат до пет години. Финансиските детали од договорот барем засега остануваат тајна, но според најавата Titan Aerospace ќе биде независен во склоп на Google со соработка со одредени дивизии.

За разлика од команиите кои неодамна станаа дел од Google кои работат во Google X Lab како дел од тимот за развој на роботика, Titan Aerospace ќе биде дел од уште еден „moonshot“-проект, Project Loon. Project Loom е идејата на Google за Интернет насекаде со помош на балони. Освен летала Titan Aerospace креира и сателити. Освен со Project Looм тимот, Titan Aerospace ќе соработува и со тимот кој работи на Google Maps, па можеби во иднина ќе имаме пристап до подетално мапи од понедостапни предели.

„Titan Aerospace и Google делат длабот оптимизам кога е во прашање потенцијалот на технологијата за подобрување на светот… Сè ​​уште е рано но атмосферските сателите можат да помогнат за подобар интернет пристап до милиони, но и да помогнат да се решат други проблеми вклучувајќи и случаи на катастрофи и штети по животната околина како прекумерното сечење на шумите“, велат Google и Titan Aerospace.

Заинтересиран за Titan Aerospace беше и Facebook и изгледаше извесно дека компанијата ќе заврши токму кај социјалната мрежа како дел од Internet.org. Facebook се надеваше дека со овие летала ќе можат да обезбедат покривање со интернет со проектот на Connectivity Lab чија цел е да обезбеди Интернет насекаде, сепак и покрај шпекулации за понуда од околу 60 милиони долари Facebook се одлучи за британскиот стартап Ascenta.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments