Не е шега: Microsoft претстави Android телефон

Виктор Дано

во Мобилни

Nokia X2 е првиот Android телефон на Microsoft, и прв телефон кој е објавен од Nokia откако беше преземена од Microsoft. Иако Windows Phone е конкурентна платформа на Android, сепак Microsoft со објавувањето на X2 игра на сигурно во доминација на пазари каде поскапите телефони се уште се луксуз.

Според компанијата, Nokia X2 има подобрен дизајн и „ново Microsoft искуство“, што е можеби најважно за Microsoft кој сака да ги освои пазарите во развој првин со своите услуги, без врска преку која платформа ги пласира. Nokia X2 ќе дојде следниот месец, спакуван со облак-базирани апликации на Microsoft и ќе чини само 99 евра, што е според филозофијата на претходните Nokia X телефони кои се наменети за земјите во развој. Nokia X уредите се најпопуларни уреди во Пакистан, Кенија, Индија и Нигерија.

Работи на модифициран Android со интерфејс составен од Тiles, препознатливите плочки кои Microsoft ги користи и за Windows Phone. Наместо Googla Maps и Gmail, Nokia X3 има апликации од Nokia како Here, City Lens, Nokia Mixradio; и ќе има OneDrive складиште и Outlook.

[youtube]Ri7qNQc5Q08[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии