Не е револуционерна технологија, но сепак дисплејот со Flip-Disc изгледа одлично

Дисплеите кои се користат за рекламирање, најчесто се направени од диоди, светилки или во случај на фудбалските стадиони ленти кои ротираат. Новиот систем на Breakfast, Flip-Disc, користи дискови кои ротираат и со тоа е овозможена подобра резолуција. Екранот се прави од модуларни елементи што значи дека не е ограничен со димензиите. Секој од елементите доаѓа со различна боја, што можеби и не е клучно во овој случај.

Сепак Flip-Disc овозможува доволна резолуција за екраните да ги направи далеку поинтересни. Сликата може да се контролира преку апликација за паметен телефон. Најверојатно најинтересниот дел е 3д-камерата која овозможува супер интеракција со минувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии