NBCUniversal најави пренос во живо на Twitter

NBCUniversal и Twitter најавија повеќегодишно партнерство во кое на микроблогот доаѓа нова содржина настани во живо. Партнерството со NBCUniversal ќе донесе видео содржини од гала настани и најдобри моменти од спортски настани. NBCUniversal е една од телевизиите кои ќе ја пренесуваат Олимпијадата ова лето, па ова веројатно ќе биде најголемиот настан на кој ќе ја видиме технологијата годинава.

Содржината ќе биде достапна глобално, и ќе овозможи публиката да коментира на платформата во живо. Ова е продлабочување на соработката која започна во 2013 година. Новиот договор ќе овозможи „пренос“ од  Golden Globes, парадата на Денот на благодарноста, People’s Choice Awards на Twitter.

Веќе следниот месец може да очекуваме прва специјализирана содржина. За време на Black History Month на Twitter ќе бидат објавувани интервјуа со истакнати афроамериканци од различни сектори, од претприемачи до дизајнери и артисти.

За партнерите на NBCU, Twitter ќе овозможи поголема поддршка за продажба, нов начин за истражување, информации за подобрување на положбата на брендот, можност за таргетирање и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии