NBA лигата се договори и за е-спорт верзија

Седумнаесет тимови од најдобрата кошаркарска лига во светот се договорија да учествуваат во е-спорт лига. NBA 2K лигата е во партнерство со креаторите на истоимената игра, Take-Two.

Натпреварите ќе бидат копија на лигата. Секој од тимовите ќе има по пет членови, ќе има драфт. Натпреварот е поделен во лигашки дел, плејоф и финале. Еве ги и тимовите кои ќе бидат први учесници:

  • Boston Celtics
  • Cleveland Cavaliers
  • Dallas Mavericks
  • Detroit Pistons
  • Golden State Warriors
  • Indiana Pacers
  • Memphis Grizzlies
  • Miami Heat
  • Milwaukee Bucks
  • New York Knicks
  • Orlando Magic
  • Philadelphia 76ers
  • Portland Trail Blazers
  • Sacramento Kings
  • Toronto Raptors
  • Utah Jazz
  • Washington Wizards

Секој од тимовите ќе го задржи оригиналното име, но наместо Jazz или Heat, ќе биде eJazz или eHeat. Секој од тимовите по завршувањето на драфтот ќе има 5 профeсионални играчи кои ќе ги претставуваат.

„Ова е прв чекор кон нешто што ветува дека ќе биде неверојатна лига, ќе ги собереме заедно најдобрите гејмери од целиот свет, и ќе го претставиме елитниот натпревар на меѓународна сцена. Нашите тимови изразија огромен ентузијазам за е-спорт, и се радуваме на формирањето на нешто неверојатно како за кошарката, така и за гејмингот“, вели Брендан Донахју, кој е дел од тимот на NBA 2K.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии