NBA ќе овозможи гледање натпревари во виртуелна реалност

Неодамна NBA Digital и NextVR објавија дека претплатниците на NBA League Pass ќе можат да следат барем еден натпревар неделно во виртуелна реалност. За почеток натпреварите ќе бидат достапни единствено на Samsung Gear VR и Samsung телефон. Останати уреди и телефони ќе бидат додадени подоцна, објави NBA.

Првиот натпревар пренесуван од Next VR е Sacramento Kings против San Antonio Spurs. Колку сериозна е лигата со виртуелната реалност покажува фактот дека има засебни најавувачи, специјални камери и оптимизирана графика. Дополнително, на паузите гледачите ќе имаат можност да погледнат зад сцената и да слушнат поинаков коментар.

Виртуелната реалност е актуелна, па сите се обидуваат да пронајдат начин да ја прилагодат својата технологија. Видеоигрите и филмови во виртуелна реалност можеби се најлогичен избор; спортот има извонредна шанса, пред сѐ поради акциските камери кои се користат во одредени спортови.

„Најдобро што можам да го опишам следењето на нaтпреварот е како да бев во теле-робот, во статичка камера која се движи кога ја вртам главата. Имав помал агол на гледање од 180 степени, но можев да гледам дополнителна графика, часовник и резултат.“, вели Бен Попер за Verge.

Сепак виртуелната реалност не е совршена. Еден од најголемите проблеми е можноста гледачот самиот да си одбира „кадар“ поради ова дел од гледачите можеби ќе пропуштат интересни моменти. Преносите во NextVR доаѓаат со коментатор кој се обидува да го насочи вниманието на публиката. Засега се чини дека и на апликацијата на NextVR и е потребно доработување, но можеби сепак е потребен и помоќен хардвер.

Еден од поголемите проблеми е што гледањето спорт во виртуелна реалност не е социјална активност. Па за сите кои сакаат да гледаат натпревари со пријателите ова сепак не е оптимално искуство.

Sacramento Kings е еден од првите тимови кој ја прифати виртуелна реалност.  Тимот има искуство во виртуелната реалност пред околу две години со Arch Virtual.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии