Наздравете и спријателете се на Facebook со Budweiser Buddy Cup

Budweiser следејќи ги стапките на Heineken, ја презентираа својата паметна чаша – Buddy Cup, со која луѓето ќе може директно да се поврзуваат на Facebook и при наздравување се спријателуваат на Facebook. Откако ќе наздравите со вашите пријатели, вградената LED диода на дното од чашата светнува и тоа го означува вашето пријателство.

Целата идеја на овој продукт на Budweiser е посетителите на фестивалите кои ги спонзорираат лесно да може да се спријателат на најпосетуваната друштвена мрежа. Според Серхио Гордилхо, извршен директор на Agencia Africa, „Иновациите се во ДНК-то на Budweiser. Нивните платформи константно ги изненадуваат потрошувачите со најдоброто што постои“.

За да ја активирате апликацијата преку која ќе се поврзувете со Facebook, на дното од чашата има поставено QR код кој треба да го скенирате при добивањето на чашата во некој клуб, фестивал или некое друго место. Како изгледа сето тоа, погледнете го видеото од Budweiser Brasil.

[youtube]9FdnssHlcRk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии