Назад кон поедноставен Skype, Microsoft ја најави новата надградба на Skype

Дејан Соколоски

во Софтвер

Image courtesy of Microsoft

Новата надградба на Skype ќе ја врати едноставноста и ќе се врати кон стариот изглед, најави Microsoft.

Промените главно се однесуваат на дизајнот и отстранување на дел копчињата и полињата кои го преполнуваа екранот. Промените за мобилното мени значат дека сега ќе има единствено 3 копчиња: „Chat“, „Calls“ и „Contacts“.

Целта не е единствено да се испразни екранот од секакви контроли кои го преполнуваат екранот, туку и да се олесни навигацијата низ апликацијата.

Една од функционалностите која заминува од Skype e Highlights. Highlights е копија на Snapchat која овозможува споделување на видео и слика кое трае краток период. За попрегледна навигација отстрането е и копчето за фотографирање, а функционалноста постои внатре во разговорите.

Но, освен мобилната, промени доаѓаат и на десктоп верзијата. Поместени се копчињата за „текст разговор“, „повик“, „контакти“ и „нотификации“.  Најголемата промена е направена за полесно пронаоѓање на контакти.

Новата верзија на Skype ќе биде достапна со Skype 8.29.

За малиот број на корисници кои го користеле Highlight и Capture, Microsoft ќе овозможи период до 30 септември за преземање на содржината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии