Навлезете во виртуелни галерии со Google Arts & Culture

Google Arts & Culture пружа феноменални можности за негување на вашата уметничка страна. Преку сајтот можете да се втурнете во истражување бројни уметнички дела кои се изложени низ најпознатите музеи и галерии низ светот. Повеќето би се сложиле дека, кога веќе не можат делата да бидат видени лично, сајтот на Google e второто најдобро нешто. Па така, нивниот најнов проект ги обединува сите слики на Вармер. Од една појдовна точка, можете да ги разгледате до најситни детали сите 36 ремек дела. Ваквото нешто би било исклучително тешко и, пред сè, скапо вистински да се искуси, особено кога ќе земете во предвид дека сите слики се поделени во 17 колекции и распространети низ седум земји.

Доколку располагате со соодветниот хардвер, можете да навлезете во дигитална прошетка. Едноставно одбирате и навлегувате во соба и читате податоци за нив. Оние чии компјутери не поддржуваат AR, можат да ги истражуваат делата во форма на панорамски слики.

Кога сте веќе тука, дефинитивно разгледајте ги и останатите колекции и теми кои можат да се најдат на Google Arts & Culture. Се работи за исклучително уникатна и богата ризница.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии