Навигацискиот систем Галилео доби одобрение

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Европскиот парламент вчера го одобри развивањето на еден од најзначајните технолошки проекти во својата историја – навигацискиот систем Галилео, кој треба да е одговор на американскиот Глобален систем за позиционирање (GPS) и на рускиот GLONASS. Проектот ќе чини над 3.5 милијарди евра и се очекува да биде завршен до 2013 година.


Со одобрението од Европскиот парламент и официјално се завршени сите подготовки за проектот кој како што беше изјавено од страна на членот на ЕП, Етелка Барси-Патаки, е стратешки проект кој треба да се надгледува пред се како политички приоритет.

Проектот во подоцнежна фаза ќе повика и поголем број на приватни компании да се придружат во неговиот развој.

Галилео се предвидува да има два оперативни центри – еден во Минхен, Германија, а друг во Фучино, 130 км источно од Рим, Италија. Проектот беше започнат од групација на осум приватни компании кои во почетокот на 2007 го напуштија проектот и неговиот развој беше преземен од  страна на Европската унија и Европската вселенска агенција.

Основната цел на овој систем е да овозможи попрецизно позиционирање на високи надморски височини и да обезбеди независен систем за позиционирање на европските земји кој би можел да се користи за време на војни или политички несогласувања.

Системот се рачуна како цивилен проект кој може да биде користен од страна на секого и името на системот е според италијанскиот астрономер Галилео Галилеј.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии