Научници во Саудиска Арабија поставија нов рекорд, 2 Gbit/s преку LiFi

Научници од универзитетот Крал Абдула од Саудиска Арабија, поставија нов рекорд -поврзан со брзината на бежичниот интернет. Со промена на колор конверторот, научниците успеаја да достигнат брзина од 2Gbit/s, јави Phys.org.

Научниците покажаа дека со додавање на перовскит нанокристал на LED LiFi диодата се намалува времето потребно за фотолуминисценција на 7 ns. Новиот конвертер има фреквенција од 500MHz, 20 пати побрзо од досегашните LiFi светилки.

„Во оваа ера која е гладна за проток на податоци постојано ќе бидеме притиснати од потрошувачите за поголеми брзини. Веруваме дека светлината од полупроводничките ласери во иднина ќе ги замени белите LED диоди. За да ја оствариме оваа цел, си поставивме долгорочна цел да развиеме нанокристали кои ќе можат да конвертираат виско-енергетски возбудни фотони од полупроводнички ласери во RYGB спектар, за ултра кратко време. Планираме со нашите нанокристали да прозведеме идеална бела светлина со индекс на колор рендерирање близу до 100. Истовремено да може да испраќа податоци со брзина од повеќе-гигабити во секунда“, вели Бун Ои, кој е дел од тимот.

Поголем проток на податоци ќе биде клучен во иднина. Со се поголем број на паметни интернет-на-нештата-уреди, брзината на бежичниот интернет е се поважна. Зголемување на спектарот е едно од можните решенија, а научниците со технологија во нерегулираниот спектар би можеле да донесат нови решенија.

Што е LiFi?

LiFi е техногија блиска со WiFi. За разлика од WiFi, за пренос на податоци се користи светлина од диоди, преносот е во спектарот на: видливата, инфрацрвената и ултравиолетовата светлина.

LED LiFi уредите ја комбинираат светлината од сините диоди со фосфорен конвертoр. Едно од ограничувањата на брзината на трансфер е брзината на вклучување и исклучување на изворот на светлина, па новите наоди може да бидат од исклучително значење.

vlc

Image courtesy of Phys.org

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии