Научници направија LCD екран кој може да се спои со леќите за око

Универзитет од Гент направи сферичен LCD екран кој може да се вгради во леќи за очи.  Засега предност е што целата површина на леќата е пиксилизирана, но во оваа фаза од проектот симболите кои може да се прикажуваат се слични како тие кои ги има на екранот на дигитрон.

Ако се надевате на HUD екран, леќата нема да го пружи тоа пред се бидејќи окото  нема можност да фокусира на објекти кои се толку блиску до неговата површина. Примената на оваа LCD леќа е пред се медицинска и ќе им помогне на луѓето со оштетен ирис со цел да се намали светлината која поминува низ ретината.

Но, покрај ова се очекува леќите да имат и козметичка примена бидејќи сликата која ја прикажува LCD-то е видлива за околината. Па, покрај предвиденото изедначување на боите кај корисници, не треба да се занемари желбата на корисниците за $ или W на нивните леќи.

Кога пред нешто помалку од една година, беше објавен неофицијален документ на Valve во кој тие предвидуваат дека иднината на комјутерите е во компјутер кој можете да го носите (wearable computer), речиси сите мислевме дека станува збор за подалечна иднина. Иако оваа леќа не нуди можност за проширена реалност, овој проект, заедно со Google Glass, покажуваат дека иднината е поблиску отколку што мислиме.

[youtube]-btRUzoKYEA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии