Научници изработија најреални роботизирани нозе до сега

Тим научници од Универзитетот на Аризона тврди дека ги изработиле најреалните роботизирани нозе до сега. Тимот инженери кој ги изработил нозете, посветил големо внимание на контролата и управувањето со движењето со цел да го „имитираат“ центарот за движење на човекот.

Кај човекот, центарот за движење собира податоци, генерира импулси, но и  ги контролира деловите на телоето кои се активни при движење. Кај бебињата центарот овозможува основно движење, а како што растеме,  се зголемува софистицираноста и сложеноста на движењата кои можеме да ги правиме. Наједноставниот центар за генерирање импулси е составен од два неврони кои наизменично пуштаат сигнали кои предизвикуваат ритмичко движење. Составен дел на наједноставниот систем е и сензор кој јавува кога „ногата“ ќе ја допре подлогата.

Токму ова е идејата на тимот кој работи на роботот. Наместо да го имитираат движењето на човекот, се обидуваат да создадат центар за контрола кој ќе функционира како човечкиот, односно составениот систем генерира ритмички сигнали кои ја регулираат работата на моторите кои овозможуваат движење.

Целиот систем е интересен пред се за медицината. Покрај можноста за помош на пациенти со повредени екстремитети ќе можат да се користи како модел за истражување на поврзаноста на нервниот систем и проблеми при одењето. Можеби во иднина ќе видиме повеќе луѓе како Оскар Писториус кои ќе се натпреваруваат во Олимпијадата.

[youtube]MnD7LqisBhM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии