Научници го срушија рекордот за брзина на пренос на податоци

Компјутерските научници и мрежни инжинери успеаја да пренесат податоци меѓу два градови со брзина од 186 гигабити (Gbps) во секунда. Тоа е исто како да се пренесат 100.000 Blu-ray дискови за еден ден!

За да се постигне оваа брзина научници од Калтек при Универзитетот на Викторија, Универзитетот во Мичиган, Интернационалниот универзитет во Флорида и Европскиот центар за нуклеарни истражувања (CERN) изградија оптичка мрежа од Викторија, Британска Колумбија, до Сиетл.

„Нашето истражува ќе ни помогне да поставиме нови начини за пренос на навистина големи количини на податоци меѓу континентите и океаните преку глобални мрежи на оптички влакна. Овие нови методи се потребни за следната генерација на мрежна технологија – која дозволува брзина на пренос од 40 до 100 Gbps – кои ќе бидат изградени во наредниве неколку години.“, велат истражувачите од Калтек.

Претходниот рекорд беше поставен исто од Калтек во 2009-та година кога тие успеаја да пренесат податоци со брзина од 119 Gbps.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии