Наскоро нова технологијата би можела да овозможи рано детектирање на неколку видови на рак во нивните почетни стадиуми. Технологијата е засновена на microRNA детекција, која досега е најветувачки маркер за детектирање на ракот. Тимот кој работи на развој на оваа технологија е составен од научници од Чиле, Панама, Мексико, Израел и Грција, и можеби го има решението за рана детекција, кое ќе го направи откривањето 50 пати поевтино и побрзо. Технологијата и целиот дизајн на уредот е понудена слободно и со отворен код!
Решението ќе овозможи проверка секој пат кога се прави проверка на крвна слика. Во лабораторија, ќе биде изолирана целокупната РНК и ќе биде поставена во „послужавник“ со 96 епрувети, секоја со различен биохемиски состав која овозможува детектирање на специфична microRNA. Потоа епруветите се поставуваат во 3Д-испринтана комора на која се поставува паметен телефон, кој во следниот час фотографира. Овие податоци се споредуваат со познати шеми, според кои се детектира кои microRNA се присутни и како реагираат.
„Денес најголемиот број од нас мораат да ги чекаат симптомите за да дознаат дека нешто не е во ред. Најголем број од луѓето немаат пристап до методите за рана детекција на ракот, иако е познато дека неговото рано дијагностицирање е најдобар лек против ракот. Знаеме дека оваа промена може да ја направи оваа генерација и тоа е причината што јас и мојот тим се одлучивме да го започнеме ова патешествие, да направиме раната детекција на ракот и мониторирање на одговорот на молекуларно ниво: поедноставно, поевтино, попаметно и подостапно од било кога до сега“, вели истражувачот Жорге Сото во својот TED говор.
[youtube]dm4fvbrMLPw[/youtube]
„Денес ракот се детектира дури откако ќе се појават симптомите. Тоа најчесто е 3 или 4 стадиум, јас верувам дека тоа е предоцна. Тогаш е премногу за нашите фамилии и премногу за човештвото. Не смееме да ја изгубиме војната со ракот. Тоа нема само да не чини милијарди долари туку ги губиме и луѓето кои ги сакаме“.







