Научете странски јазик со Fluent Forever

Duolingo e повеќе од одлична апликација за учење странски јазик. Но, и покрај тоа, методите кои се применуваат таму можеби не се за секого.  За подобро совладување јазик, некои корисници бараат малку поразлична стратегија.

Fluent Forever е апликација за учење странски јазик која се заснова на истоимената книга од Габриел Вајнер. Вајнер, верувале или не, успеал да научи француски за само три месеци. Неговиот метод се состои од создавање најразлични картички на кои има слики кои треба да ве асоцираат на најразлични поими и реченици. На овој начин, сметал Габриел, дека луѓето всушност се учат како да размислуваат на странски јазик.

Апликацијата се чини дека успешно го применува неговиот систем  и првин ви дозволува да се посветите на изговорот, а потоа суптилно да преминете на градење вокабулар и да се справите со граматичките правила од јазикот.

Картичките ги правите вие така што одбирате слики кои на вас највеќе ви се допаѓаат и сметате дека најдобро ве потсетуваат на проблематичниот збор, односно фраза. Интересно е тоа што можете да добиете помош од заедницата и да ги „позајмите“ и нивните картички, доколку, се разбира, ви делуваат интересни.

Најголемиот проблем со Fluent Forever е цената. За да го користите ваквиот принцип на учење, потребна е месечна претплата од 10 долари, или двогодишна претплата од 7 долари месечно, што нѝ е малку чудно, со оглед на тоа што апликацијата ви ветува течно зборување за шест месеци (двојно повеќе од времето кое му требало на Вајнер). Исто така, не можевме, а да забележиме дека нема премногу јазици за учење на понуда. Како и да е, на располагање имате бесплатен пробен период. Ако навистина е принципот толку моќен, времето кое ви се дава е повеќе од доволно за да проверите дали да продолжите понатаму, или не.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии