SleepSchool е релативно нова апликација за Android и iOS која е замислена да им помогне на сите кои имаат проблеми со спиење.
Според докторите и невролозите кои стојат зад апликацијата, луѓето кои имаат немирни ноќи потребно е одново да научат како правилно да спијат. За таа цел, тие се имаат здружено да осмислат серии од курсеви кои, преку дневни лекции, ви помагаат одново да бидете истренирани и правилно да спиете.

Искрено, не сме сигурни колкава е успешноста со примена на апликацијата, но SleepSchool може бесплатно да се корисни цела недела. Доколку курсевите позитивно влијаат и ви помагаат подобро да спиете, понатамошно тренирање бара годишна претплата од 2000 денари.







