Научете да програмирате со бесплатната програма „Learn IT, Girl“

Learn IT, Girl програмата е создадена како проект на романските и полските добитници на Google Anita Borg Memorial стипендијата во 2014, сега позната како Women Techmakers Scholars Program чија цел е полова еднаквост во полето на компјутерски науки преку охрабрување на жените да се приклучат во ова поле на работа и да станат активни членови на заедницата. Learn IT, Girl се стреми да ја оствари визијата на Анита Борг за 50% застапеност на жените во ИТ секторот до 2020 година.

Ова е веќе четврто издание на програмата преку која ќе може да научите програмски јазик додека работите на интересен проект. Доколку се пријавите ќе имате можност да учите од бројот на искусни ментори кои ќе ви помогнат и ќе ви го олеснат процесот на учење.

Учеството на програмата е бесплатно и целиот процес на учење се одвива онлајн. Доколку имате прашања за начинот на аплицирање, одговорите може да ги најдете на следниот линк, а доколку сакате да се пријавите направите го тоа тука до 15 февруари.

Ако имате желба да им помогнете на девојките да научат нов програмски јазик и да ги споделите своите совети и трикови, тоа направете го така што ќе се пријавите да бидете ментор на програмата на следниот линк. Како ментори може да се пријават и мажи и жени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии