Научете ги најмалите да програмираат со Tynker за iPad

Tynker објави апликација за iPad со која ќе го доближи кодирањето до децата. Апликациијата е додаток на веб и на училишните курсеви, а ќе овозможи и приклучување на корисници од целиот свет. Според тежината наједноставниот случај овозможува децата да изградат основно познавање на програмирањето, да решаваат едноставни проблеми и да креираат приказни и анимации. Второто ниво овозможува изучување на покомплексни концепти и дизајн на игри, креација на едноставни игри и вклучување на логичко и алгоритамско размислување. Последното ниво објаснува за напредните концепти и алгоритми, креирање на игри и апликации и транзиција од визуелно програмирање во JavaScript.

Апликацијата е бесплатна за преземање и доаѓа со 20 проблеми, дополнителните проблеми можат да се купат посебно. За почеток апликацијата доаѓа со три проблеми Puppy Adventure, Lost in Space и Sketch Racer. Секој од проблемите е потежок од претходниот, а со нивно решавање децата се запознаваат со програмирањето од основите до напредни техники кои се употребуваат.

[youtube]nKIu9yen5nc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии