Научете ги компјутерите македонски јазик со Netcetera и Mozilla

Image courtesy of Netcetera

Jargon.mk е заеднички проект на Netcetera и Mozilla чија цел е и македонскиот јазик да стане дел од „Common Voice“ и кој во иднина ќе може да се користи за machine learning проекти.

За креирање на систем кој гласовно се управува потребни се куп податоци кои често не се достапни за помалку застапените јазици. Поради ова, Jargon.mk ќе се обиде преку „crowdfunding“ да дојде до доволно изговорени зборови на македонски јазик. Луѓето ќе го донираат својот глас во базата на податоци. Ова ќе им овозможи на сите да дадат придонес во апликации поврзани со гласовни команди. Гласовните податоци ќе им бидат достапни на сите програмери.

Како може да помогнете ако не развивате апликации? Наједноставно, преку позајмување на вашиот глас. Квалитетот на аудиото не игра премногу важна улога бидејќи разноликоста ќе придонесе за отсликување на користењето во реалноста.

Ако не сакате да го позајмите гласот, но сепак сакате да помогнете, можете да внесете реченици. Речениците кои веќе се внесени може да ги разгледате на GitHub, а таму ќе ги најдете и упатствата за внесување на нови реченици.

Ако немате време ниту за ова, може да помогнете и со преслушување на изговорените речениците и потврдување дали изговорнените реченици соодветствуват со напишаниот текст.