Научете ги децата да читаат на девет јазици со Read Along

Read Along e апликација која им помага на помладите корисници да научат да читаат на некој од, моментно поддржани, девет јазици. Имено, оваа апликација функционира како еден вид личен тренер за читање. Ги слуша децата како читаат и им нуди соодветна поддршка и помош во соодветни ситуации, како правење подолги паузи, погрешен изговор, и слично.

Read Along се одликува со стотици приказни за читање, а, за позитивно охрабрување, младите читатели освојуваат награди и најразлични достигнувања.

Апликацијата е на Google и е директен наследник на алатката Bolo, која првин излезе во Индија за да им помогне во читањето на децата од таму. Read Along е сеуште во раниот пристап и се очекува понатамошно проширување на бројот на поддржани јазици.

Screenshot Image

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии