Научете да креирате респонсивни веб-страници за 21 ден

Дејан Соколоски

во Совети

Во денешно време веројатно нема недостаток на бесплатни онлајн курсеви кои тврдат дека за неколку дена ќе ве научат како да креирате веб-страница. Курсот на Кевин Пауел не ве убедува дека ќе научите баш сè што мора да знаете. Сепак е одличен почеток за секој кој го интересира веб-дизајн. Фокус на курсот се респонсивни страници што веќе одамна е задолжително.

Курсот трае 21 ден и ова треба на секој кој го следи да му овозможи доволен период да повежба дел од лекциите. Лекциите се отклучуваат ден по ден. Па ако не сакате да чекате, може да го почнете курсот да почекате 21 ден, и потоа да го завршите наеднаш.

Видеата се куси и лесни за следење. Дополнително, на неколку денови има и предизвици во кои треба да го примените она што сте го научиле. Неколку дена по предизвикот се отклучува и решението. Потоа може да ги споредите вашето и решението од курсот. За сите кои сакаат да научат и повеќе, речиси секоја од лекциите доаѓа со дополнителни материјали.

Она што е подеднакво важно курсот не само што помага со креирање на респонсивен сајт, помага и со куп алатки кои се користат, како Figma или VS Code. Најважно, Кевин точно и детално објаснува што прави и зошто го подбира тоа решение во лекциите. Можеби малку полоша вест е дека за поефикасно следење се потребно основно познавање на HTML и CSS. Сепак ако заглавите иако Г. Пауел нема време да им одговори на сите кои ги следат неговите курсеви, ќе добиете пристап до голема „discord“-заедница која може да ви помогне со прашањата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии