Нацистичкиот сајт Daily Stormer накратко се врати онлајн

Нацистичкиот портал Daily Stormer сè уште не може да се врати онлајн. Викендов успеаја за кратко да се појават, но тоа траеше неколку часови. Иако успеаја да пронајдат замена за Cloudflaire, порталот не успева да пронајде хост за содржините.

Проблемите на сајтот започнаа со протестите во Шарлотсвил, а се започна со еден текст. Порталот објави неумесен текст за жртвата во протестите. Корисниците започнаа да бараат од хостот, тогаш Go Daddy, да го отстрани Daily Stormer. Ова се случи, а порталот уште не може да пронајде сервис за хостирање.

Порталот успеа да најде замене за Cloudflaire во BitMitigate, но заштитата од DDoS не помага доколку никој не сака да го хостира сајтот.

Откако ги избркаа од GoDaddy, се обидоа да пронајдат хостирање на Google Domains и на руски домени Roskomnadzor, но се чини дека за нацисти никаде нема толеранција. Последни хостирање на Daily Stormer му откажаа Namecheap. Провајдерот не цензурира содржина, но дури и тие мораа да признаат дека содржините на порталот ги надминуваат сите граници.

„Навистина сме во тешка ситуација. Мора да ја балансираме штетната содржината која е против принципите во кои веруваме и поддршка на слободниот говор. Ова е голем предизвик бидејќи последиците од нашата одлука ќе бидат во очите на јавноста и ќе подлежат на јавен надзор, без оглед на тоа која е нашата одлука.
Значи, прашањето, како што гледам, е дали бришењето на овие домени е во спротивност со нашиот основен принцип на застапување на слободата на говорот? Во овој конкретен случај, наведувам дека одговорот е: Не“, вели Ричард Киркендал.

Во моментов Daily Stormer е достапен единствено на скриениот интернет. Но, и таму серверот е цел на постојани DDoS напади.

Последните проблеми со Daily Stormer и објавите на содржини кои ги надминуваат сите граници отвори дискусија за слободата на говор. Директорот на CloudFlaire и Метју Принц побараа широк консензус за креирање на рамка за да не се повтори слична ситуација и во иднина. Ова е ставот и на Electronic Frontier Foundation.

„Сите разумни луѓе мора да се кренат наспроти омразата, насилството и агресијата која се шири по нашата држава. Но, мора да бидеме свесни дека истата тактика која денес се користи да се замолкнат неонацистите наскоро ќе се користи против други, вклучувајќи и луѓе со чии размислувања се слагаме.

Заштитата на слободата на говор не е нешто што го правиме бидејќи се слагаме со мислењето кое го штитме, го штитиме бидејќи веруваме дека владите и приватниот сектор не треба да решаваат кој треба да зборува, а кој не“, велат од Electronic Frontier Foundation.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии