(Надополнето) Наставникот кој го освои светот

Нaдополнето 16.03.2018 @ 10:30


Ричард Апија Акото се појави на Educational Exchange настанот кој Microsoft го организира за наставници и лидери во училиштата. Наставникот беше пречекан со овации на овој настан.

Microsoft го донесе г. Акото на конференцијата речиси во последен момент. Но приказната не завршува тука. Компанијата во соработка со локалниот партнер во Гана ќе обезбеди хардверска и софтверска поддршка за таботата на г. Акото. Дополнително тој ќе добие целосен пристап до Microsoft Certified Educator Program за професионален развој.

„Вашата работа навистина го инспирира светот. Покажува неверојатна иновација, посветеност и страст која ја имаат учителите додека им помагаат на учениците да се подготват за иднина. Microsoft верува дека учителите се херои и ги поместуваат границите на можното за да го трансформираат учењето и да имаат директно влијание на искустово и на долгорочните вештини на своите ученици“, вели г. Ентони Салсито од Microsoft.

Г. Акото откри дека она што го споделија медиумите тој го прави секојдневно:

„Сакав да ги напучам како да стартуваат Microsoft Word . Немав компјутер да им покажам, морав да се снајдам. Решив со креда да нацртам екран на училишната табла.

Имаат некакви познавања за компјутерите, но не знаат да работат на компјутер.“

Токму оваа посветеност е главната причина поради која Microsoft го одбра г. Акото за да му оддаде вакво признание.


Кога нема доволно ресурси и средства во образованието, професорите мора да прават натчовечки напори да го пренесат знаењето на учениците. Ова е случај со Ричард Апија Акото, наставник од Гана кој го освои светот.

Г. Акото предава информациски и комуникациски технологии без во својата училница да има барем еден компјутер. Предава во гимназија во градот Секједомасе. Сликите кои ги пренесе целиот свет од таблата на која е нацртан компјутерскиот екран, не се ниту ретка појава.

„Секогаш кога сум во училница, цртам. Сакам да постирам слики на Facebook, се чувствувам како да споделувам. Не знаев дека ќе добијам волкаво внимание“, вели г. Акото во интервју за Quartz.

Owura Kwadwo Hottish е името кое го користи на својот Facebook профил, на кој се споделени сликите. За среќа, сликите ги сподели влијателен комичар од Гана. Оваа приказана стигна до Microsoft, кои ветија дека наскоро ќе стигне уред со кој образованието ќе биде подобро и појасно.

Г. Акото не го  користи својот лаптоп бидејќи е поинаков од она што го бара образовната програма. Причината за ова не е модерниот лаптоп на наставникот, туку програмата која не е променета долго време. Дополнително, учениците мора да бидат подготвени на тестовите да одговараат на овие прашања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии