Настани од измината недела…

Дејан Соколоски

во Вести

Samsung

Иако немаа настан и не претставија нов уред Samsung имаше интересна недела. Неколку протекувања кои се однесуваат на Samsung Galaxy S20 помогнаа за ова.

Најпрво дознавме за постоењето на Samsung Galaxy Buds+. Информацијата заедно со промотивен материјал ја објави Ијан  Блас (@evleaks). Она што го дознаваме од сликата е дека овие слушалки ќе бидат бесплатни и ќе доаѓаат заедно со телефонот за сите кои ќе го купат телефонот во претпродажба. Сепак ова не важи за стандардната верзија туку единствено за Galaxy+ и Ultra моделите.

Ако ве интересира повеќе за среќа нема да мора да чекате долго официјално телефоните и слушалките треба да бидат претставени на 11 февруари.

Друга голема вест за Samsung овој период е дека компанијата отвора нова фабрика за дисплеи во Индија. Инвестицијата е околу  половина милијарда долари, а фабриката е во близина на Њу Делхи. Самсунг секако има потреба од нов капацитет, а изборот на Индија не е многу тежок. Samsung се надува дека благодарение на даночните повластици кој ги нуди Њуделхи ќе успее да се спротивстави на конкуренцијата која полека ги истиснува од пазарот.

Минатата недела Samsung падна на третото место на продадени телефони во Индија. Samsung долго време беше водечки производител на паметни телефони во оваа држава, но наjпрво Xiaomi, а сега и Vivo ја надминаа нивната продажба. Во последното тримесечје на 2019 27 отсто од продадените уреди во Индија беа од Xiaomi, од Vivo доаѓаат 21 отсто од телефоните, а од Samsung 19 отсто. Индија е важен пазар бидејќи е еден од ретките големи пазари кои сè уште се во раст. Samsung ја намали цената на дел од телефоните кои ги продава но засега не може да се справи со конкуренцијата од Кина.

HP Elite Dragonfly

HP го рекламираше овој хибрид лаптоп како „лаптоп полесен од воздух“. Веројатно очекувате дека најголема предност на лаптопот е тежината. Во право сте, но во еден килограм Dragonfly доаѓа и со импресивни перформанси.

Лаптопот доаѓа со различен избор на процесори од осма генерација на Intel, од Core i3 во основниот модел, до Intel Core i7 во про верзијата. За жал графичката картичка е UHD 620 која не е доволно моќна ниту за малку поголеми перформанси. UHD 620 е лош избор за обработка на видео, и секако за гејминг. Ова второво секако не е преголем проблем, со оглед на тоа дека сепак станува збор за лесно преносен лаптоп со сосем друга намена.

Екранот е одличен за работа во канцеларија, поточно на затворено, но надвор има посериозен проблем при работа на светло. Ова важи и повеќе во случај кога сакате да гледате потемни сцени, констатира Engadget.

Сепак кога лаптоп е во прашање еден од клучните делови е и батеријата. Во овој случај не станува за врвни перформанси на батеријата, но сепак се доволни за најголем дел од корисниците. HP ветува 16 часа работа пред да треба да го полните уредот и тоа се и повеќе од добри перформанси.

За нарачка на Motorola Razr се чека две недели

Добра вест за љубителите на флексибилните телефони на Motorola, поточно за сите љубители кои не планираат скоро да го нарачаат телефонот. Motorola ги одлага сите нарачки на телефонот до 18-ти февруари.

Причината за ова е интересот за телефонот кој изгледа ги надмина очекувањата на Motorola. Цената од 1 500 долари, по се изгледа не ги разубеди најголемите љубители на новата верзија на стариот телефон.

Телефонот доаѓа со два дисплеи. Надворешниот е стандарден помал и е помошен. Внатрешниот е всушност она што го прави телефонот импресивен. Флексибилен екран кој ја зафаќа целата површина на уредот и дизајн на зглобот кој го заштитува екранот од механички оштетувања. Отворен екранот е 6,2-инчи и резолуција од 876 х 2142 пиксели.

Razr доаѓа со Qualcomm SDM710 Snapdragon 710 процесор; Adreno 616 графички процесор; 128 GB простор; 6 GB RAM. Што се однесува до оперативниот систем Razer доаѓа со Андроид 9.0.

Miso Robotics

Дури 73 отсто од работата во кујна може да се автоматизираат, проценува McKinsey & Company. Токму во овој простор треба да „влезат“ роботите како Flippy 2. Роботите ќе ја зголемат продуктивноста и иако ќе работат паралелно со луѓе секако нема да биде потребен истиот број на луѓе во рестораните.

Flippy може да се програмира за најразлични задачи кои имаат многу повторувања. Роботот треба да отстрани дел од работите кои вообичаено ги прават помлади готвачи и да ги замени. Од друга страна ова е една од работите кои ги работат додека учат и добиваат искуство, па којзнае какво влијание ова би имало на квалитетот на идните готвачи.

Новиот Hummer е електричен

Една од иконите кога се во прашање теренските возила, популарниот Hummer се враќа со нов изглед. Во новата итерација возилото е електрично и секако доаѓа со интересни перформанси.

General Motors најави дека возилото доаѓа со 1000 коњски сили и ќе забрза до 100 km/h за само 3 секунди.

Првата реклама официјално излегува на годинешниот Супербол. Натпреварот ќе се одржи во недела и секако ќе има и куп други интересни реклами. Што се однесува до целосното официјално претставување на електричниот Hummer закажано е за 20 мај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии