ИТ настан: Запознајте се со македонската Drupal заедница

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Image courtesy of Drupal Meetup Skopje

Оваа сабота, на 16 декември, во организација на Македонската друпал заедница ќе се одржи Drupal Meetup Skopje. Средбата ја организира Македонската drupal заедница, а целта е запознавање и дружење, но и разговор за новите трендови. Настанот ќе се одржи во просториите на Ceed Hub, учеството е бесплатно, но потребно е да се најавите.

Од неколку говорници ќe бидат покриени неколку теми, иако сè уште се работни на комплетната агенда за настанот. Секако, по предавањата ќе може да се дискутира на отворените теми и ќе може да се поставуваат прашања. Ова ќе биде одлична можност за помладите развивачи да им постават прашања на поискусните и да разрешат некои од дилемите кои ги имаат.

Настанот ќе биде искористен и за промоција на новиот веб-сајт на кој ќе може да се следат новостите на македонската друпал заедница, но и на заедницата од регионот.

Настанот е поддржан од iBorn.net и од Vox Teneo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии