ИТ настан: Започнува иницијативата Brainster talks, првиот предавач е рускиот програмер Алексеј Сидоренко

Image Courtesy of Brainster

Македонскиот стартап Brainster ја претставува својата нова иницијатива Brainster talks, која ќе се случува во Скопје и ќе служи како отворено место за споделување на знаење и идеи. Практично, замислата на Brainster е овој настан да биде бесплатен и редовен meetup кадешто учесниците ќе учат од експерти во одредена област кои ќе зборуваат на актуелна тема.

„Сакаме да креираме заедница од претприемачи, фриленсери, креатори, артисти и други професионалци во македонската заедница која ќе се базира на вредностите на споделување, соработка, отвореност и поддршка.“, изјави Петар Ниновски, основачот на Brainster.

Првиот Brainster Talks ќе биде со рускиот програмер и веб девелопер Алексеј Сидоренко. Ќе се одржи на 27 октомври во 18.00 ч. во Public Room. Темата која ќе се дискутира е „Како да го искористите емоционалниот маркетинг за да го направите вашиот продукт вирален“ каде ќе биде разработено прашањето како претприемачите ја користат моќта на потсвеста при донесување на одлуки, и како можете Вие да го направите својот производ вирален.

Кој е Алексер Сидоренко?

Алексеј Сидоренко е експерт, претприемач и искусен веб-девелопер, кој во неговата кариера се занимава како новинар и уредник на “RuNet Echo” проектот на Global Voices Online, каде ги има истражувано и анализирано развојот и промените во руската интернет сфера. Како новинар, има придонесувано и за “Freedom House” и “Reporters Without Borders” во областа на интернетот и слободата на говор во Русија.

Во 2010 има работено како веб-девелопер за “Help Map” проектот, а во 2012 година ја создава компанија “Teplitsa of Social Technologies”, која се фокусира на развој на технологии за општествена полза, едукативен проект чија цел е развој на соработката помеѓу непрофитниот сектор и ИТ-специјалистите. Мисијата на „Teplitsa“ е да се развие култура на технологија и онлајн социјални веб и мобилни апликации за подобрување на аспекти од општеството. Во моментов, Алексеј води тим од 18 луѓе кои работат на проектот.

Како да се регистрирате за настанот?

Предавањето е бесплатно, повеќе информации и регистрација на следниот линк.

Ова предавање се случува во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии