Настан за најмладите: Ден на Тесла во Матка изложбениот центар

На 10 јули, во Изложбениот центар Матка, под мотото „Ден на Тесла“ ќе биде одбележан роденденот на Никола Тесла. Настанот главно е наменет за помладите кои секако имаат куп прашања за електричната енергија.

За сите кои ќе го посетат ќе има интересна програма и голем број активности од кои ќе може многу да се научи. Секако ова е и одлична можност децата да се заинтересираат за инженерството уште од најмлада возраст. Еве го распоредот на активности:

11:00 – 12:00 часот
– „Гига мега бајка
Театар за деца и младинци
*препорачлива возраст: 5-14 години; големина на група: 100

12:00 – 13:00 часот
– Креативна работилница за пишување “Приказни за електрицитетот
Билјана Црвенковска
*препорачлива возраст: 9+ години; големина на група: до 30

– Уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија
проф. Јана Јакимовска
*препорачлива возраст: 6+ години; големина на група: до 30

– Предавањe „Моќта на електрицитетот
проф. Филип Парталовски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:00 – 13:10 часот
– Проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:10 – 13:40 часот
– Пауза за ручек
*сите учесници

13:40 – 14:40 часот

Експерименти:

  • безжичен пренос на енергија
  • високо фреквентна наизменична струја
  • радио пренос

проф. Владимир Стефановски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

Изработка на макети од Lego®

Young Engineers
*препорачлива возраст: 5+ години; големина на група: до 30

 

За сите кои се заинтересирани ќе има и бесплатен превоз, настанот е бесплатен, но со оглед на ограничениот простор ќе биде потребно да се регистрирате најдоцна до 8 јули. За повеќе податоци може да се обратите и во facebook-страницата на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии