ИТ настан: WordPress Meetup #8 се случува на 7 декември во Public Room

На 7 декември со почеток од 20.00 часот во просториите на Public Room ќе се одржи осмиот по ред локален WordPress Meetup. Разликата на овој meetup со претходните, е што овој настан сега е официјален, признаен од WordPress.org.

Целта на овие собиранки е да се споделат искуства, да се стекнат нови пријателства со истомисленици и да се оддаде почит кон платформата со отворен код. Како иницијатор за овој настан се јавува Томе Пајковски.

Како поминаа 7-те претходни meetups?

Томе: Во претходните 7 meetups пробавме да се собереме група на WordPress ентузијасти, кои сакаат да научат повеќе, да споделат искуства и знаења, да придонесат во WordPress и да вратат на платформата од којашто сите придобиваме.

Што е целта на овие неформални дружби на WordPress ентузијасти?

Томе: Целта на овие неформални дружби, е да го подигнеме нивото на WordPress во Македонија; да организираме предавања кадешто би се опфаќале интересни теми од опсегот на WordPress, развој на веб и пошироко. Долгорочна цел ни е да го организираме првиот WordCamp во Македонија. За тоа би целеле кон крајот на 2017, почеток на 2018 година.

Велите дека овој meetup е првиот официјален, што подразбира тоа?

Томе: Прв официјален meetup значи дека сега сме дел од WordPress.org. Тоа претставува чекор напред, со оглед дека потврдија дека се придржуваме кон петте принципи на WordPress Meetups кои гласат:

  • Meetup-ите се за бенефит на целосното WordPress општество, а не одредени бизниси или индивидуи. Сите акции што ги правиме (организираме) се во најдобар интерес на општеството;
  • Присуството е отворено на сите што имаат желба да се прилучат, без разлика од било знаење, способност, финансиски статус и кој друг критериум.
  • Meetup-ите се водени од волонтери, и од страна на волонтери говорници.
  • Meetup-ите можат да бидат организирани од секој одговорен/доверлив член на општеството.
  • Meetup-ите се места кадешто сите работат да создадат добредојдена средина, кадешто се ослободени од дискриминација, повик на насилство, промоција на омраза и генерално простачко однесување.

Според настанот на Meetup.com, агендата за WordPress Meetup #8 e:

  • “WordPress themes, the right way”, Како да создадеш оригинални теми, или да модифицираш постоечки; Презентација на Митко Кочковски, Lead Developer и ко-сопственик на Devvironment
  • Help Sеction – Си заглавил со нешто? Треба помош? Те интересира нешто ново? Ова е моментот да си прашаш :)
  • Планирање на следни Meetup-и и предавања.

За да го потврдите вашето учество на WordPress Meetup #8 на 7 декември во Public Room, со почеток од 20.00 ч. кликнете на следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии