ИТ Настан: Womenpreneurs Stories – запознајте ги македонските жени претприемачи и дознајте ги нивните приказни

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.

Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме? Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, ментори, конектори – жени и мажи.

На овој настан говорници ќе бидат основачи и извршни директори кои ќе обезбедат практични совети и најдобри практики за стартапи, прибирање финансиски средства и менторство.

На првиот Womenpreneurs Stories настан, своите инспиративни приказни ќе ги споделат:

  • Ивана Станковиќ – Менаџер за инвестиции во South Central Ventures
  • Aimee Holland – SwissEP Entrepreneur-in-Residence (EiR)
  • Нина Николиќ – SwissEP Manager of EiR & Eco-System Facilitator
  • Драгана Нешовска – CEO & Ко-основач на Solveo
  • Нина Ангеловска – CEO & Ко-основач на Grouper
  • Весна Иваноска – CEO на центарот за едукација и развој на Seavus (SEDC)

За повеќе детали околу настанот зборувавме со Нина Николиќ.

Кој е мотивот зад организацијата на ваков настан? Дали мислиш дека истиот може да придонесе за подобра еманципација на жените во бизнис светот?

Со дел од овие девојки, веќе неколку години имам можност да работам скоро секојдневно, со дел од нив неодамна воспоставивме соработка и  воедно станавме пријателки низ целиот тој процес. Во склоп на Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), во јуни бевме дел од NextGen womenpreneurs week во Цирих, Швајцарија каде 24 стартапи од шест земји (Македонија, Србија, БиХ, Албанија, Виетнам и Перу) и повеќе од 30 ментори и инвеститори земаа учество. Сите овие земји се во развој, но многу различни по големина и начин на размислување и работење. По работната недела, само 7 стартапи добија можност да се влезат во големото финале (3 стартапи од Перу, 2 од Виетнам и 2 од Македонија). Од тогаш на секоја наша (барем еднаш во месецот) неформална средба, ја дискутиравме оваа идеја да се организира настан на кој ќе се споделат нашите приказни, научените лекции, како и поддршката која што ја добиваме и ја даваме, со цел да инспирираме и мотивираме.

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.

Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме? Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, ментори, конектори – жени и мажи.

Зошто ваквите настани се важни за младите девојки кои допрва започнуваат со својата кариера?

 Сличен тип на настан како овој, за мене беше пресвртна точка за тоа што сакам да работам и како да се само-мотивирам. Верувам дека за многу млади девојки кои допрва ќе започнуваат па и за оние кои сакаат да сменат професионален правец, ваквите настани се одлични за дополнителната доза на инспирација, но најважно од се е поврзувањето со истомисленици, т.е., луѓе со кои имате исти или слични интереси (штом сте дел од истиот настан). Мој совет па и за оние најинтровертните е да се охрабрат и предизвикаат, на овој настан да запознаат барем еден нов човек, а најхрабрите да презентираат пред присутните бизнис идеи/dream jobза можноста поврзана со менторство и/или job shadowing.

Карти за настанот може да обезбедите на следниот линк.