ИТ настан: Време е за првиот Snapchat Meetup во Македонија!

Skopje SnapUP! ќе биде прв собир на локалните корисници на Snapchat. Популарната апликација за пораки што исчезнуваат има 100 милиони корисници дневно, и некои од нив се од Македонија. „Дознајте зошто сите зборуваат за Снепчет и зошто има повеќе од 10 милијарди прегледи дневно!“, велат Митко Цабевски, Ева Пиперевска и Јован Димитров, кои го организираат настанот. Skopje SnapUP! е закажан за 25-ти мај со почеток во 20:00 часот во Vinyl.

Поканети се сите „снапери“ и луѓето што се прашуваат што по ѓаволите е Snapchat?, но кои сакаат да дознаат нешто повеќе за овој друштвен феномен кој освен за корисниците, е интересен и за брендовите кои се почесто се рекламираат со ексклузивна-за-Snapchat-содржина. „Планираме интересен муабет како да го искористите Снепчет за забава, лична промоција, но и како компании, брендови и стартапи може да го искористат за маркетинг“, велат организаторите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии