ИТ настан: Скопје е повторно дел од Startup Europe Week 2017

Инвеститори, стартапи, медиуми и co-working простори ќе го споделат своето искуство во градење на македонската стартап заедница на 10-ти февруари во Европскиот Info Center во Скопје. #SEW17 е замислен како настан за вмрежување на стартап заедницата со институциите, организациите и сите други ресурси кои можат да помогнат во промовирање и градење на компетитивни стартапи.

Startup Europe Week го слави иновативното претприемништво и стартапите, и кој се одржува во 40 земји истовремено. Се одржува вторa година по ред во Скопје, во ко-организација на Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Inception Enterprises и Emkice.

На настанот ќе бидат презентирани статистики за македонската стартап сцена од Startup Macedonia, и ќе има три панели во кои ќе се дискутира како инвеститорите, медиуми и co-working просторит можат да им помогнат на стартапите.

Првиот панел е Beyond the investment – соработката меѓу стартапите и нивните инвеститори, на кои како панелисти се најавени:

  • Ивана Станковиќ од SCV vs Нино Карас oд LETZ,
  • Петар Андреевски, ангел инвеститор, vs Никол Соколов од Buzz,
  • Kaтерина Кречева од ФИТР vs Дениел Димов oд Mobidonia,
  • Пеце Ангелковски од CEED vs Петар Ниновски од Brainster.

Потоа ќе чуеме за Increasing startup media awareness – каква улога играат медиумите?, со гостите:

  • Mите Кузевски од ИДЕА, организатори на Новинарски стартап натпревар,
  • Верица Јорданова од Inovativnost.mk,
  • Игор Петровски од Капитал.мк.

И на крај настанот ќе биде завршен со Co-working културата во Македонија и како таа се развива, каде за прв пат на едно место ќе ги имаме сите co-working простори од Скопје:

  • Aлександар Велиновски од Public Room,
  • Eмир Слезовиќ од Funky CoWorking Friday,
  • Софија Спировска од Seavus Incubator,
  • Јована Петковска од CEED Hub Skopje,
  • Ирена Чаушевска од Newman’s Аccelerator.

Настанот е отворен за сите заинтересирани стартап ентузијасти и претприемачи, кои треба да се пријават на eventbride линкот. Сите се поканети за да изградиме европска стартап зеадница во Македонија!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии