ИТ настан: Серија предавања во Seavus Incubator

Оваа недела ќе ја одбележат предавањата на Seavus Incubator со Ален Шаф и Еди Демај.

Првиот говорник на „Talk Event“ е Ален Шаф, основач и директор на IMGUR, супер популарниот сервис за споделување на мемиња. Настанот е организиран од инкубаторот, а предвидено е г. Шаф да ја сподели својата приказна – како креираше еден од најпопуларните и најпосетуваните сервиси. Настанот е закажан за среда, 2 ноември со почеток од 19:00, а ќе се одржи во City Hall. Посетата на настанот е бесплатна, но бројот на билети е ограничен, па сите кои сакаат да го посетат настанот, треба навреме да резервираат.

 

14937372_1133887273373260_6684841558543459548_n

Вториот настан е закажан за петок, 4 ноември.  Говорник е Еди Демај, претприемач од Детроит. Тој е еден од основачите на Rocket Fiber, оптичка мрежа во Детроит. Неговиот претходен аранжман, менаџер во Bedrock Real Estates Services му овозможи да биде ко-основач во неколку стартапи.  IziSurvey e алатка која овозможува прибирање на податоци, a Reozom е алатка која помага при купувањето и продавањето недвижности. Првиот албански пребарувач Gjirafa.com е уште еден од проектите на кој учествуваше. Г. Демај ќе биде еден од менторите во Seavus Incubator. Настанот е бесплатен, но потребна е регистрација.

За повеќе податоци и информации посетете ги facebook-страниците на настаните.