ИТ настан: Седмо издание на Сајт на годината

Традиционално на 14.декемеври ќе се одржи прогласувањето на најдобрите .мк веб сајтови за 2016 година. Настанот се одржува седма година по ред, а за наградите покрај жирито одлучува и публиката. Гласањето е отворено и сите заинтересирани можат да гласаат на на Сајт на годината, пријавувајќи се со и-мејл.

Откако истече рокот за пријавување на сајтови до 20.ноември, сега е отворено гласањето во 20 категории:

  • Најдобар сајт за 2016 година,
  • Најдобар дизајн,
  • Забава,
  • Вести и информации,
  • Спорт,
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајт,
  • Е-трговија и огласи,
  • Најдобар сајт за невладини организации,
  • Образование, наука и култура,
  • Најдобар мобилен сајт,
  • Најдобар сајт за владини/државни институции,
  • Најдобар блог,
  • Храна и здравје,
  • Мода и убавина,
  • Автомобилизам,
  • Туризам и угостителство,
  • Финансиски услуги, банкарство и осигурување,
  • ИТ и електроника,
  • Најдобра Facebook страница, и
  • Најдобра мобилна апликација.

Одлуката за победниците, според организаторот, е 60% глас на жири комисија и 40% гласови од публиката. Гласањето ќе трае до 18. декември, а секој кој гласа ќе може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Жири комисијата е составена од Дејан Трајковски – автор и новинар во Вечер,  Васко Наумоски – ИТ менаџер во Витаминка, Крсте Господиновски – аудиовизуелен уметник, Димитар Николов – сопственик на КТ филм и Медиа од Битола, и Коста Дупчинов, уметнички фотограф и графички дизајнер.

Најголем дел од сајтовите пријавени на натпреварот се повратници од претходните години. Во последниот период организаторите се обидуваат да ја рашират конкуренцијата, но пазарот засега е тој. Сајт на годината треба да го мотивира македонскиот веб простор да се развива, да го поддржи интерент издаваштвото и интернет медиумите.

“Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.” – појаснуваат организаторите.

Најдобриот веб сајт за 2016 ќе се прогласи на 24.декември во фоајето на МОБ во Скопје на настан со почеток во 19:00 часот. Сајт на годината повторно е во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, а е поддржан од Витаминка, HL.mk и Министерството за информатичко општество и администрација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии