ИТ настан: Разговор за стартапи, секс и Индија со Блаже Аризанов

Во понеделник, 12-ти септември со почеток во 19:00 часот во Јавна Соба, Funky Coworking со поддршка на Стартап Македонија организира отворен настан каде што гостин ќе биде Блаже Аризанов, еден од основачите на контроверзниот индиски стартап StayUncle.

StayUncle е стартап кој вбројува признание за еден од најиновативните нови компании во Азија, и веќе го привлече вниманието на медиуми како Discovery Channel, BBC News и Huffington Post. Блаже е директор за маркетинг на индиската компанија која разви платформа за парови да можат да си резервираат хотел за само неколку часа, без да бидат предмет на морално малтретирање.

Културата во Индија не дозволува парови јавно да ја искажуваат својата љубов, при што често има случаи на физички напади врз младите кои се противат на традицијата. StayUncle го решава тој проблем со овоможување на приватност на паровите.

„Ние како и милиони млади луѓе сметавме дека тоа е бесмислено и тргнавме да го смениме“, вели Блаже. „Индија е земја на парадокси. Точно е дека во голема мера е сè уште конзервативна. Но, од друга страна се јавува наплив на млади урбани либерални Индијци жестоко предизвикувајќи ги сите стари табуа. Нашата услуга беше одлично прифатена и буквално експлодира. Број 1 апликацијата за дејтинг во светот Tinder моментално бележи најголем број на активни корисници во Индија“.

Во 19:00 во Јавна Соба во понеделник Блаже ќе ја претстави неговата лична приказна со StayUncle на македонската стартап заедница.

Funky Coworking е неделен настан кој е отворен за сите стартап ентузијасти, фриленсери, дизајнери и други професионалци кои сакаат да се запознаат со културата на coworking, односно културата на заедничко работење надвор од канцелариите. Настанот е организиран од Емир Слезовиќ и Петар Ниновски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии