1 коментар 2 мин. читање 30 март, 2017

ИТ Настан: Работилница за стартапи на Codefest во Охрид, со Џон Бигс, уредник на TechCrunch

Уредникот на еден од најпопуларните сајтови за технологија, TechCrunch, ќе биде гостин на Codefest. Пред работата во TechCrunch г. Бигс беше дел и од Gizmodo, CrunchGearа има и длабока позадина во областа на хардвер стартапи, 3D печатење и blockchain. Неговата работа била дел и од Men’s Health, Wired, и New York Times.

Во Охрид, како дел од Codefest Tech Festival ќе организира работилница за стартапи. Работилницата ќе се одржи во сабота на 08.04.2017. Сите основачи на стартапи кои се заинтересирани да бидат дел од оваа работилница, може да се пријават единствено преку Brainster и принципот на регистрација е прв-дојден-прв-услужен.

„Г. Бигс има напишано пет книги меѓу кои е најдобрата книга за блогирање – Bloggers Boot Camp, и книга за најскапиот часовник некогаш направен – Marie Antoinette’s Watch“, потсетува Нина Николиќ.

Присуството на Џон Бигс на Codefest како говорник и инструктор за оваа година е овозможено благодарение на поддршката од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), проект поддржан од Швајцарската Влада и Swisscontact.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top