ИТ Настан: Приклучете се на WeTalkIT и Skopje Legal Hackers и креирајте е-калкулатор

Овој викенд во просториите на Seavus Incubator се одржува дводневен хакатон. Организацијата е на We Talk IT (Skopje Super Cup) и Skopje Legal Hackers.

На хакатонот ќе се изработи е-калкулатор кој ќе им помогне на луѓето со проценка на трошоци од тргување со имот. Калкулаторот согласно нотарските, адвокатските, катастарските тарифи треба да ги прави пресметките за купопродажба на имот или возилата.  Апликацијата ќе биде креирана и за iOS и за Android.

Организаторите ги повикуваат сите кои имаат познавање од развивање за iOS или Android или графички дизајн. Апликацијата за учество на настанот е веќе отворена и може да се пријавите. Заинтересираните треба да се пријават до 29 септември, петок.

Настанот се одржува на 30 септември и 1 октомври во просториите на Seavus Incubator.

1 коментар на “ИТ Настан: Приклучете се на WeTalkIT и Skopje Legal Hackers и креирајте е-калкулатор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии