ИТ настан: Подгответе се за шестиот Startup Weekend Skopje

Еден од првите организирани стартап настани во Македонија – Startup Weekend Skopje ќе се случи по шести пат оваа година, викендот на 28-30 октомври 2016, во Hub Skopje во Скопје.

Startup Weekend Skopje е 54 часовен глобален настан, каде програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади и амбициозни претприемачи заедно споделуваат идеи, формираат тимови, создаваат продукти и формираат стартапи.

Startup Weekend глобални бројки:

  • 1500+ настани
  • 660+ градови
  • 120+ земји
  • Просечно 85 учесници на настан, со максимален капацитет од 125
  • Просечно 10 нови вложувања.

Изминатите две години во Скопје имавме:

  • 210+ учесници
  • 50+ ментори и судии од Бугарија, Хрватска, САД, Естонија, Србија, Македонија, Словенија, Австрија
  • 3 успешни стартап приказни: Buzz, Brainster.co, Vozime.mk

Настанот, кој е во организација на група волонтери,  ќе се одржи во просториите на Hub Skopje во Скопје, под менторство на експерти и интересни награди за победниците. Во тридневниот настан учесниците ќе имаат можност да ги презентираат нивните иновативни идеи, да состават тим и добијат интересни награди, вклучувајќи можност за финансирање од најдобрите бизнис акселератори во Македонија и пошироко.

Учесниците ќе добијат единствена шанса да бидат обучени од најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис програмери за тоа како најдобро, брзо и ефективно да ги претстават своите идеи на инвеститори и клиенти, како и од едноставна едеја да создадат успешен бизнис. Листата на досега потврдените ментори може да ги пронајдете на следниов линк.

Картите се веќе во продажба и истите може да ги купите тука.

Новостите околу SW Skopje може да ги најдете на:
Facebook, Twitter и Youtube.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии