ИТ настан: Од идеја до бизнис со Seavus и Brainster

Seavus Incubator и Brainster ги повикуваат сите кои имаат сопствена идеја за бизнис или неколку идеи за кои не можат да се одлучат, на бесплатен настан на кој ќе им помогне да дојдат до овие одговори. Работилницата ќе трае три дена и во неа учесниците ќе можат да научат вештини неопходни за развој на своите идеи во бизнис. Работилницата во трите дена ќе опфати различни обуки.

  • Почетокот е „резервиран“ за „Minimum Viable Product“, алатки и начини за проценка на идејата.
  • Вториот ден ќе биде искористен за запознавање со различни бизнис модели, рекламирање, анализа на пазарот и материјализација на идејата во најкус можен рок. Дел од предавањата ќе бидат фокусирани на бизнис моделот на AirBnB
  • Послесниот ден учесниците ќе се запознаат со „crowdfunding“, истражување, успешни приказни и разговор со претприемачите.

Курсот е бесплатен, но местата се ограничени, па ако сте заинтересирани, пријавете се порано. Настанот почнува на 10 јуни, а ќе трае до 12 јуни. Повеќе информации на Brainster.co.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии