ИТ настан: 33-те отворени работни позиции и 13-те компании учеснички на првиот CareerLaunch саем

Image Courtesy of CareerLaunch

Минатата недела го најавивме првиот саем за вработување CareerLaunch и кариера кој има за цел да ги поврзе професионалците и талентираните студенти со македонски компании од овие индустрии. Денеска организаторите го објавија списокот на 13-те компании кои ќе земат учество на саемот и ќе ги презентираат своите отворени позиции за работа и пракса во четврток во Public Room.

Кои се компаниите кои ќе бараат кадар на саемот?

Компаниите кои ќе земат учество на саемот се, како што се најавени од CareerLaunch, во продолжение:

System for enterprise e иновациски центар за креирање софтверски решенија од областа на осигурувањето. Отворени позиции има за Product Development Manager, Senior Front-end .NET Developer, Junior Front end .NET Developer, Junior Back end developers.

GSIX е компанија фокусирана на развој на иновативни софтверски решенија. Она што GSIX ја издвојува на пазарот е различноста на тимот и спојот на претприемачкото и инженерското при решавање на проблемите.

Letz.do се залага за што повеќе продуктивни денови и решавање на еден од поголемите проблеми на човештвото денес, а тоа е ефективно и ефикасно справување со обврските во кратко време. Отворени позиции има за Android Developer и iOS Developer.

DoxTeam е ИТ стартап за “State of the art” решенија во облак, со најсовремена микросерверска архитектура. Отворени позиции во DoxTeam се за Node.JS back end developer, Angular front end developer, React front end developer, iOS developer,
AWS (Amazon) administrator, Azzure (Microsoft) administrator, Social media marketing specialist.

Brainster има визија да го претвори целиот град во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент. Отворена позиција за работа во Бреинстер има за дигитален маркетер.

Embed Social е компанија која развива технологија за дигитални маркетери. Отворени позиции на Embed Social има за дигитален маркетер и продукт менаџер.

iBorn.net е ИТ компанија со значајно искуство од неколку области, меѓу кои: здравство, осигурување, едукација, недвижности, е-комерција, маркетинг и анализа на пазари. ИБОРН.нет располага со повеќе тимови кои работат во полето на разни современи технологии. Отворени позиции има за Java developer, ASP.Net developer, Drupal developer, Python / Django developer, Quality Assurance

МКхост е #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија. Отворени позиции за работа има за system administrator, web developer (front end & back end), graphic designer, sales manager и marketing manager.

Final Frontier Games е студио за дизајн и продукција на друштвени игри. Посетителите на настанот ќе можат да ја пробаат Cavern Tavern друштвената игра на Final Frontier Games. Cavern Tavern важи за досега најуспешната македонска кикстартер кампања.

Inception Enterprises е дигитална продукција со фокус на талент менаџмент и дигитална иновација. Inception Enterprise има отворени позиции за веб девелопер, веб UX, графички дизајнер, дигитален маркетер.

Solveo е платформа која преку натпревари ги поврзува локалните компании со студентите за креативно решавање на модерни бизнис проблеми.

Seavus Incubator е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии, креативните индустрии и медиумите. Во инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на компаниите.

Start Up академија е програма за стекнување на претприемачки вештини и развивање на потенцијални бизнис идеи во оперативни бизниси.

Агенда на настанот

Агендата на настанот е со почеток во 14.00 часот во просториите на Public Room во Скопје. За време на самиот настан, како посебен сегмент CareerLaunch Talks ќе се одржат и 7 презентации каде што успешни претприемачи и професионалци од ИТ областа ќе ги споделат своите искуства и лекции за успех во кариерата.

Во 17.15 ч., две од компаниите учеснички, Letz.do и МКхост ќе организираат и работилници на теми:

  • Како да направиш чет апликација од почеток за 2 часа користејќи Swift и Firebase? (Letz.do)
  • Интернетот како начин за водење бизнис – од веб сајт до заработка (МКхост)

Настанот е бесплатен за посетителите, а пријавувањето е задолжително.

Се гледаме во четврток на CareerLaunch!


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на CareerLaunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии