ИТ Настан: I/O Extended 2017 со Web Factory

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Девелоперите од Web Factory и овој Google I/O не повикуваат на дружење. Пред една година започнаа со заедничко следење на Google I/O и Apple настаните, и оттогаш не пропуштиле ниту еден.

Оваа година настанот се одржува на 17 мај, а што се однесува до распоредот во просториите во Web Factory, тој останува ист. Започнува со запознавање и нетворкинг, за по презентациите да заврши со дружба и дискусии. Бројот на места за жал е лимитиран, па сите заинтересирани треба да го најават своето присуство.

Google I/O е настан кој се одржува секоја година и на кој компанијата ја презентира иднината на технологијата. Настанот е фокусиран на: Android, Google Chrome, Chrome OS, Google API и куп други развојни алатки и платформи. Секако Google I/O е најинтересен за девелоперите, но настанот е интересен и за сите кои ја сакаат технологијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии