ИТ настан: Нина Ангеловска од Grouper гостува на Startup Grind Skopje

За 24-ти март e закажан нов Startup Grind Skopje на кој Нина Ангеловска ќе го сподели своето искуство за градење бизнис од нула. Нина е директорка на Grouper, најпопуларниот сервис за групни попусти кој во еден момент држеше скоро 40% од севкупната македонска е-трговија. Настанот ќе се одржи во Seavus инкубатор со почеток од 17:30 часот.

Нина на Startup Grind ќе раскаже како во 2011-та година успеаја да креираат сервис чиј концепт беше непознат меѓу македонските корисници, посебно што бараше да му веруваат на интернет плаќањето. Но, Grouper го прослави својот 5 роденден со фасцинантни бројки од над 100.000 корисници од кои 30% купуваат купони за попуст преку мобилен телефон.

Teмите на кои ќе се дискутира се изградбата на бренд со пари од студентски натпревар, за растот на сервисот, како да се делeгираат обврските и како да се победи агресивната конкуренција. За да се вклучите во дискусијата ќе треба да резервирате билет од 250 денари.

Подолу ќе чуете интервју на Нина кое го направивме со подкастот #ИТН.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии