ИТ Настан: Нека започнат Националните квалификации во е-Спорт!

Image Courtesy of Mesf.mk

Македонската е-Спорт Федерација, како што веќе напоменавме, утре ги организира Националните квалификации во е-Спорт. Повеќе од 200 учесници, со почеток во 10 часот, ќе ја почнат трката во три дисциплини – Counter Strike: GO, League of Legends и Hearthstone.

Натпреварите ќе се организираат на три локации: во клубот Ентити во Охрид, во клубот Инсомниа и во Јавна соба во Скопје. Организаторот Македонската е-Спорт Федерација, со поддршка на Pay net, очекува повеќе до 2.000 посетители и над 10.000 онлајн гледачи. Победниците на овој турнир ќе ја формираат македонската е-спорт репрезентација и ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во Џакарта, Индонезија, од 6 до 9 октомври 2016 година, како што го направија тоа е-спорт репрезентациите во изминатите години.

Во изминативе два месеци, како дел од Првата Pay net Е-спорт Лига, се натпреваруваа повеќе од 90 учесници. Најдобрите од лигата ќе бидат дел од овој квалификациски турнир. Е-спортот, последниве месец дена станува доста актуелна тема кај нас, особено по второто освоено место на Saksa и неговиот тим Digital Chaos на The International.

4 коментари на “ИТ Настан: Нека започнат Националните квалификации во е-Спорт!

  1. Најмалата грешка во горенаведениот текст е тоа за Сакса кој што не треба ни малку да се валка неговото име.Нашата “федерација” , кое е знак прашање дали е официјално основана се уште не се знае дали се способни да ги испратат нашите учесници поради не доволно финансиски средства. Прашањето е, колку се потребни финансиски средства за да федерацијата биде во плус и да може со остатокот да се покријат тие трошоци. Исто така неорганизираните квалификации и хаосот кој настана на пробното отварање во CS:GO лигата може само да заклучиме дека бројките кои се напишани говорат за една лажна слика која доликува на нашата “федерација” или “неПРОФИТНА организација”.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии