ИТ настан: На 16-ти и 17-ти ноември во Скопје се одржува конференцијата Microsoft Визија: Reloaded

Image Courtesy of Microsoft Македонија

Во хотелот Marriott во Скопје, на 16-ти и 17-ти ноември ќе се одржи конференцијата Microsoft Визија: Reloaded, настанот кој Microsoft Македонија веќе со традиција го организира неколку години по ред. Корпоративната конференција, на која воглавно присуствуваат ИТ професионалците од бизнис, образовниот и јавниот сектор, оваа година со додатокот “Reloaded” во името се чини дека ветува неколку новости.

Според организаторите, на конференцијата ќе се зборува за новите интегрирани бизнис-решенија на Microsoft, дигиталната трансформација и зголемување на продуктивноста кај бизнисите со помош на достапната технологија од Microsoft.

“Microsoft Визија: Reloaded ја раскажува новата приказна за интегрираните Microsoft бизнис-решенија. Во три траки предавања ќе бидат презентирани потенцијалите на дигиталната трансформација на денешното време и можностите за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот, односно како да се направи повеќе, побрзо и со помалку.” – потенцираат организаторите.

Главен говорник на конференцијата ќе биде Мајкл Когелер, генерален директор во регионален оддел во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Microsoft за Македонија, Бугарија и Косово, како и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

„Нашата стратегија е да го трансформираме работниот простор преку наjдобрите cloud-решениjа na Microsoft, кои ќе им помогнат на нашите клиенти да ги стават своите податоци во функција, да ја зголемат продуктивноста на својот бизнис, како и да заштедат пари преку еволуциjа на работните процеси. Целта на Microsoft е да им дадеме на луѓето комплетна контрола над своето време за да можат да ги завршат сите работи – во секое време, на секое место и на која било направа“, изјави Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

На самата конференција, помеѓу активностите, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

Регистрацијата за учество на конференцијата се врши преку сајтот www.vizijareloaded.mk, а Early Bird котизациите по цена од 7.000 денари се достапни до 24 октомври, по што следи стандардната регистрација од 9.000 денари.

Се гледаме на Microsoft Визија: Reloaded!


Disclosure: Microsoft Македонија е закупувач на рекламен простор на IT.mk.

1 коментар на “ИТ настан: На 16-ти и 17-ти ноември во Скопје се одржува конференцијата Microsoft Визија: Reloaded

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии