ИТ настан: MUFFIN Conference 2017 – конференција за технологии, иновации и меки вештини

Musala Soft ја најавува агендата за конференцијата за технологии, иновации и меки вештини MUFFIN Conference 2017, која ќе се одржи во октомври. Настанот ќе се одржи на 28 октомври, 2017 (сабота) во Кино Фросина, Младински Културен Центар.

MUFFIN е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Musala Soft. Настанот секоја година има за цел да обедини софтверски инженери, ИТ професионалци и предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).

Тема на MUFFIN Conference 2017 Skopje e Connected World. Дел од најдобрите експерти на Musala Soft во сферата на Data Streaming Design, Block chain, Artificial Intelligence, AXON framework и Micro services ќе зборуваат на конференцијата. Исто така, на конференцијата ќе има панел-дискусија на темите Cloud Integration, Artificial Intelligence трендови и иновации и приказни споделени од ИТ професионалци.

За детална агенда за настанот, како и информации за темите и спикерите на Muffin Conference 2017 Skopje, кликнете тука.

Влезот на настанот е слободен, со задолжително регистрирање на веб страната.

За последни новости и кратки најавни видеа за презентациите, следете ја официјалната Facebook страна.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

1 коментар на “ИТ настан: MUFFIN Conference 2017 – конференција за технологии, иновации и меки вештини

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии