ИТ Настан: Македонски Телеком организира масовна Pokémon GO битка

На 18-ти септември, со почеток од 18.30 часот на плоштад Македонија во Скопје, Македонски Телеком ги повикува сите Pokemon ловци и тренери да си ги одмерат силите.

Мислиш дека си добар Покемон ловец? Освоj го покемон Gym-от и освој смартфон! Знаеш да фрлаш покеболс? Покажи колку си прецизен и добиј подарок! Постои Покемон кој не го знаеш? Погоди го името на Покемоните на големиот екран и играј за уште многу подароци!, пишува на Facebook страната за настанот.

Македонски Телеком најавува изненадувања и награди, вклучително и смартфони за најдобрите во Pokémon GO gym битката. Gym битките се важен дел од играта и се дел од патот кој еден играч треба да го помине за да добие поголем левел. Во аугментираната реалност на Pokémon GO, Gym се специјализирани локации претставени со огромни кули, најчесто со Pokémon на врвот. Самата кула може да ја има само еден тим – црвен, плав или жолт, а контролата врз кулата е претставена со амблем на врвот. Тимот кој ја контролира кулата ја брани со Pokémon кој е оставен како чувар, а тимовите кои ја напаѓаат треба да го поразат. Практично, стандардна игра на “освој го знамето” преточена во Pokémon свет.

Од најавата на настанот, јасно е дека Македонски Телеком не организира само Gym битка, туку и спроедни игри како погодување на име на покемони, фрлање на покеболс и сл.

Дали сѐ уште трае Pokémon GO-манијата?

Иако секоја инволвираност на поголемите компании со најновите дигитални трендови е за поздрав, клучен фактор за нивниот успех е тајмингот. Pokémon GO сруши рекорди, со денови се зборуваше само за тоа и компанијата која ја направи играта изброи купишта пари, но дали играта е сеуште толку популарна два месеци отпосле?

Анализирајќи ги Google трендовите за пребарувањата на “Pokemon GO” и “Pokemon” во последните 90 дена на територија на Македонија, наидуваме на пресликување на глобалниот тренд на опаѓање:

Сепак, најреалната слика за популарноста на играта кај нас ќе ја согледаме на 18-ти септември на плоштад.

1 коментар на “ИТ Настан: Македонски Телеком организира масовна Pokémon GO битка

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии