ИТ настан: Лекции од најуспешната македонска Kickstarter кампања

CareerLaunch организира настан на кој Ивана Крстевска од Final Frontier Games ќе зборува за „crowdfunding“. Таа е дел од најуспешниот Kickstarter проект од Македонија, присуството е речиси задолжително за сите кои размислуваат за ваква кампања. Бројот на кампањи кои успеале да соберат над 100.ооо долари не е преголем; па ова ќе биде одлична можност за сите заинтересирани да добијат информации од прва рака како се работи со „crowdfunding“ платформите.

Cavern Tavern успеа да собере 108.000 долари, а во говорот Ивана Крстевска ќе претстави како до успешна Kickstarter кампања проследена со практични примери.

Настанот е бесплатен и ќе се одржи во Public Room, на 13 октомври. Заинтресираните треба да го најават своето учество. Повеќе податоци на Facebook страницата на настанот.

Настанот ќе биде дел од првиот ИТ и стартап саем за кариера, во организација на SWT Alumni Македонија и Младински Инфо Клуб – Скопје. Повеќе детали за саемот на следниов линк.

1 коментар на “ИТ настан: Лекции од најуспешната македонска Kickstarter кампања

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии