ИТ настан: Како до стигнете до финансии за својата идеја

Ако ги прашате компаниите и стартапите, тоа што ќе ви одговорат е дека никогаш нема доволно пари. Затоа CEFE Macedonia организира обука во која ќе се обидат да им помогнат на претприемачите да дојдат до потребните финансии за само седум дена. Барем тоа е ветувањето.

На крајот на настанот посетителите ќе имаат нови знаења за над триесетина начини на финансирање, пополнување на апликации и конструкција на бизнис планови, мотивација за проактивност и користење на фондови и вмрежување со преприемачи, консултанти и институции. Товарот на обука е на Сем Вакнин, претприемач и автор на Malignant self love – Narcissism revisited. Г. Вакнин е ко-сопственик на неколку компании и советник во повеќе влади и компании. Негови помошници на овој настан се Јован Сталевски и Елена Гагачева од CEFE Macedonia. Гостин-говоорник е Зоран Витанов, ко-основач на CEFE и поранешен заменик министер за економија.

Настанот ќе се одржи на 18 јуни во Битола, а него се добредојдени речиси сите од претставници од бизнис сектор, невладини организации, претприемачи, менаџери, студенти, иноватори, вработени, професори, па сѐ до вработени во јавна администрација. Предавањата и говорите се на англиски јазик со симултан превод на македонски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии